Флеш
„Заврши си работа!“ – ЦД со слободен софтвер за канцелариско работење на македонски јазик
27.03.2006
При подготовката на ЦДто беше извршена локализација на македонски јазик на програмскиот интерфејс на најновата верзија на програмскиот пакет Опен офис (OpenOffice.org), во соработка со граѓанското здружение Слободен софтвер Македонија.
Локализацијата се состоеше од две фази:
- Превод, извршен преку Преведувачки маратон, со учество на над 50 волонтери.
- Темелна стручна лектура и коректура на сите преведени стрингови, во контекст на самиот интерфејс (на „жива“ апликација), извршена од тим на лектори и информатичари.
Покрај Опен офис, на ЦДто се поместени и локализирани верзии на разгледувачот Фајрфокс (Firefox), програмата за е-пошта Тандербрд (Thunderbird), програмата за обработка на слики и фотографии Гимп (Gimp), како и друг слободен софтвер.