Азербејџанскиот Врховен суд донесе вознемирувачка одлука на 19 август, 2010 г. одбивајќи ја жалбата на блогерите и активисти Емин Мили и Аднан Хаџизаде, на тој начин поддржувајќи ги претходните одлуки донесени од страна на судовите од пониска инстанца во 2009 година, со кои двајцата блогери беа осудени под лажни обвиненија за хулиганство.
Двајцата блогери беа уапсени на 8 јули, 2009 година откако и се пожалија на полицијата дека биле жртви на напад во еден ресторан, и на 11 ноември 2009, Окружниот суд во Баку ги осуди на казни од 2 и 2 ипол години, под обвинение за хулиганство. Неколку НВОи, медиуми, активисти за слобода, политички институции, претставници од ОБСЕ за слобода на медиумите, Високиот комесар за човекови права од Советот на Европа и странски дипломати меѓу кои и Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон ја критикуваа пресудата изразувајќи убеденост дека блогерите биле затворени поради политички причини. Двете лица беа добро познати активисти кои ја критикуваа владата на Азербејџан.
„Мили и Хаџизаде се во затвор поради тоа што го практикувале нивното право на слободно изразување“, изјави извршниот директор на „Член 19“ Агнес Каламар кој смета дека со одлуката само се покажал „недостигот на независност на судството на Азербејџан“.
Член 19 апелира до владата на Азербејџан да ги ослободи Мили и Хаџизаде од затвор, како и други лица затворени поради политички причини и да престане затворањето на лица поради критикување на Владата.
Адвокатите на двајцата блогери изјавија дека ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права.
- Azerbaijan: Supreme Upholds Bloggers’ Convictions (20.08.2010)
- Azerbaijan Supreme Court rejects bloggers’ appeal: lawyer (20.08.2010)
- Azerbaijani bloggers still jailed (23.08.2010)
- EDRi-gram: Azeri bloggers abusively sentenced by the Baku court (18.11.2009)
Извор: ЕДРИ-грам “Azeri bloggers appeal rejected by the Supreme Court” бр. 8.16, 25 август, 2010.