meta tim sliki-02.jpg

Biljana Kochoska

Нејзината специјалност се движи помеѓу културен активизам и разбирање на психологијата на масите при развивање на комуникација во ерата на новите технологии/медиуми и модерната комплексна општествена средина, која тие ја создаваат.

Комуникација, маркетинг и односи со јавност се сферите во кои најмногу го искористува својот потенцијал и знаење движејќи се од копирајтер, концептуалист, акаунт менаџер, специјалист за нови медиуми, проект менаџер, организатор на настани, и стратегист за комуникации низ својата кариера.

Има дипломирано психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, а својата магистерска диплома ја доби на Факултетот за Комуникации и нови медиуми при универзитетот Њујорк во Скопје.

Активностите во Метаморфозис се во рамките на следење на комуникациски трендови, подготовка на соодветни комуникациски стратегии, промотивни кампањи, организација на настани и креативни концепти.

Во слободно време се занимава со активности за унапредување на културата, креативно пишување и борба за човекови права.

O U R

T E A M