meta tim sliki-02.jpg

Danche Danilovska-Bajdevska

Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со звање магистер на правни науки се стекна на истиот факултет. Во Семос едукација ја заврши HR Академијата акредитирана од МОН.

Од 2000 година е активна во граѓанското општество. Стекнува искуство како програмски специјалист преку развивање програмски стратегии, планирање и спроведување на проектни активности во различни области кои го унапредуваат владеењето на правото и доброто управување, со фокус на антикорупција, транспарентност и отчетност, слобода на изразување, заштита на човековите права, граѓански мониторинг и надзор. Има искуство во застапувања пред креаторите на јавни политики за приближување на македонското законодавство со правото на ЕУ. Во 2004 година беше член на работната група за креирање политика за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во 2011г. учествуваше во иницијативата на граѓанското општество за пристапување на земјата во Партнерството за отворена власт. Исто така, во 2018г. беше член на работната група за креирање нова законска рамка за спречување корупција и судир на интереси, како и дел од експертскиот тим кој ја развиваше Стратегијата за транспарентност на Владата во 2019 и 2023г.

Од 2003 се приклучува во тимот на Фондацијата Метаморфозис со задолженија да учествува во стратешкото планирање, планирање и координирање проекти, истражувања и анализи, како и координација и соработка со вработените.

O U R

T E A M