Учествувајте во онлајн „Хакатон за отворени податоци“!

04.11.2021

Година : 2021

Ве покануваме да бидете дел од вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“ кој ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември 2021 година, во склоп на 17-то издание на интернационалната конференција е- Општество.мк.

  1. Што е „Хакатон за отворени податоци“?

„Хакатонот за отворени податоци“ е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

  1. Кој има право на учество?

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и сл. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само 1 тим.

*Стартап компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза

  1. Награден фонд за победникот?

Победникот на Хакатонот ќе добие од 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

  1. Регистрација на учесници

Пријавувањето на тимовите е отворено до 24 ноември, 2021 година, 16:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк а формуларот го пополнува секој член на тимот поединечно.

  1. Прашања и одговори?

Вашите прашања може да ги испратите на hakaton@metamorphosis.org.mk; најдоцна до 24 ноември, 2021 година.

 

Подетални информации поврзани со „Хакатон за отворени податоци“ се достапни во следниов документ:

 

Пријавете се!