Мени

Работилница Zagreb Hack Point

Првата работилница Zagreb Hack Point ќе се одржи во клубот МАМА во текот на месец март 2013 година.

На почетокот на работилницата, секој учесник самостојно ќе избере проект на којшто ќе работи. Може да се создаде сосема нова апликација или да се развиваат дополнителни функционалности кај постојните проекти базирани на софтвер со отворен код. Може да се работи во која било технологија, а единствениот услов е проектот да се изведе во рамки на даденото време и целиот код напишан за време на работилницата да се објави под лиценца за слободен софтвер.

Целта на работилницата е на едно место да се соберат луѓе со слични интереси, да поттикне меѓусебна помош и соработка, како и размена и продлабочување на знаењата и искуствата во развојот на компјутерски апликации. Работилницата поттикнува и амбиција и реализација на сопствените идеи. Главната цел е да им се овозможи на сите учесници да станат уште подобри програмери.

Извор: zagrebhackpoint.com: „Početak Zagreb Hack Point radionice“

 

Поврзани натписи