slajd-gore mk
slajd-gore mk

МЕДИУМИ И МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Потребата од следењето на најновите трендови од медиумската сфера е неминовен дел од работата на многу организации и експерти. Без разлика дали медиумите во фокус се традиционални или дигитални, истите играат важна улога во општеството. Оттаму, потребно е невладините организации и активистите да ги ползуваат придобивките од ефективно, стратешко, и целисходно комуницирање со јавноста. Но, само следење на работата во медиумскиот простор, и ефективното комуницирање не е доволно. Препознавањето на дезинформации, говор на омраза, и сродните малициозни присуства во медиумската сфера (вклучително и на социјалните медиуми) стана вештина потребна за сите граѓани. Развивање на критичко мислење во генерална смисла, но особено кога станува збор за критичко анализирање на презентираните медиумски содржини претставува една од најважните и најбараните вештини во последните години

ПРИВАТНОСТ И САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ

Испреплетување на приватноста и безбедноста во дигиталниот свет се теми кои се секогаш актуелни во круговите на медиумите, активистите, граѓанските организации, и институциите. Преку овој сет на обуки, Фондацијата Метаморфозис се фокусира и на особено ранливите категории во дигиталната сфера - децата, учениците, тинејџерите, од кои, 99% секојдневно го користат интернетот. Покрај овие целни групи, граѓанските организации, активистите и новинарите често се изложени на безбедносни ризици и потребата од посигурна комуникација и размена на податоци е од суштинско значење за нив.

РАБОТА СО ПОДАТОЦИ

Работата со податоци, нивното правилно анализирање и користење на визуелизации за презентирање стануваат се побарани вештини. Граѓанските организации, медиумските работници, активистите, но и сите останати кои работат со податоци, или имаат потреба од прикажување на резултатите од нивната напорна работа пред широката јавност, се соочени со низа технички предизвици. Бидејќи голем дел од граѓаните не се запознаени со компјутерско програмирање (кодирање), ниту пак со создавање визуелизации, се чини дека техничкото знаење е најголемиот предизвик пред која се исправуваат. Преку овие обуките, Фондацијата Метаморфозис, успешно го премостува токму тој предизвик – за успешна работа со податоци и создавање визуелизации нема да ви биде потребно огромно техничко предзнаење! Преку користење на низа бесплатни алатки, онлајн платформи, малку креативност и трпеливост – ќе научите ефикасно да раководите со вашите податоци, и да создавате модерни визуелизации кои ќе ја прикажат вашата работа во едно ново светло