Мени

9-ти јуни 2012 – Европски ден за акција против ACTA

На 9 јуни ќе се организира уште еден ден за акција со кој на демонстрантите од цела Европа ќе им се овозможи да се соберат и да го искажат своето противење на предложениот Трговски договор против фалсификување (ACTA).

Протестите на граѓанското општество избија во февруари 2012 година за да ја изразат загриженоста во врска со влијанието на ACTA врз основните права и поттикнувањето на надзорот на интернет. Тие ги поддржаа многубројните документи, мислења и студии со кои се критикува ACTA од страна на академици, политичари и невладини организации, како што се ОБСЕ, лауреатите на наградата Сахаров, Европскиот супервизор за заштита на личните податоци, Amnesty International и Европскиот економски и социјален комитет.

Европската комисија сега објави информација околу нејзиниот процес на упатување на ACTA до Европскиот суд на правдата (ЕСП). Во соопштението за печат, комесарот Де Гихт ги повика парламентарците да го одложат гласањето. Прашањето што ќе се постави е следново: „Дали Трговскиот договор против фалсификување (ACTA) е компатибилен со европските договори, особено со Повелбата за основните права на Европската Унија?“

Упатувањето нема да биде одговор на сета загриженост во врска ACTA, бидејќи законски може само да се осврне на компатибилноста со Договорите на ЕУ, но не и на мудроста и вредноста на таквите политики, ниту пак на компатибилноста на ACTA со целосното тело на правото на ЕУ.

Уште полошо, упатувањето до Судот се користи од страна на Европската комисија како начин да се присили Парламентот да го одложи гласањето – пристап кој го олеснува фракцијата што го поддржува договорот ACTA во рамки на Собранието. Затоа, очекувајте многубројни одложувања поради преведување, печатење, лавини…

Во овој контекст, клучно е Европскиот парламент да покаже храброст и да застане во одбрана на својата демократска улога во процесот на донесување одлуки и да не подлегне на плановите на Комисијата да се спречи Парламентот да го одбие договорот. Не само за ACTA, туку за сите идни закони од значење за основните права и демократијата, европските граѓани мора да го поддржат Парламентот во одбраната на правата на граѓаните и неговата институционална улога.

По одлуката на Комитетот на Европскиот парламент за меѓународна трговија (INTA) да не поднесе посебно барање до Судот, сега е многу веројатно дека Парламентот ќе го стави контроверзниот Договор директно на гласање во јуни или јули – и покрај „неочекуваните“ одложувања.

Да му кажеме на Парламентот да ги поддржи европските граѓани и себеси!

Извор: ЕДРИ-грам „9 June 2012 – European Action Day Against ACTA“ бр. 10.7, 11 април, 2012.

Поврзани натписи