Мени

Австралија: владини чекори за поттикнување на употребата на слободниот софтвер

На 27 јануари 2011г., специјалниот државен министер Гери Греј ја објави ревидираната Политика за софтвер со отворен код на австралиската влада, со која се бара од агенциите при сите ИКТ набавки да ги земат предвид и софтверот со отворен код и заштитениот софтвер.

Греј рече: „Ревидираната политика дополнително ги зајакнува процедурите за набавка на софтвер од страна на агенциите, со цел тие да ги земат предвид и софтверот со отворен код и неслободниот софтвер при сите набавки на софтвер“.

Претходниот став на владата од 2005г. во врска со софтверот со отворен код беше еден вид став на „информирана неутралност“. Така се обезбеди непристрасен став со кој не се фаворизираше ниту софтверот со отворен код ниту неслободниот софтвер. Со претходниот и новиот став во политиката за слободен софтвер се обезбедуваат одлуки за „добиена вредност за парите“ и „погодност за соодветната намена“ во согласност со Насоките за набавки на Комонвелтот.

Од донесувањето на првичната политика во 2005г. се случија многу значајни промени во технологијата и на софтверскиот пазар. Многу влади во светот ги ревидираа своите политики за зголемување на примената на софтверот со отворен код.

Софтверот со отворен код веќе нашироко се користи од страна на австралиските владини агенции. Една анкета спроведена во 2007 година покажа дека 68% од агенциите користат слободен софтвер со отворен код. Во моментов има над 200 производи базирани на слободен софтвер што се користат низ административните владини агенции.

„Со ревидираната политика на австралиската влада се бара од агенциите да го земат предвид и софтверот со отворен код во текот на процесот на набавки и со политиката се бара од примателите на барања за набавки исто така да ја земат предвид употребата на софтвер со отворен код“, објасни г. Греј.

Водичот за слободен софтвер за агенциите на австралиската влада е достапен на веб-сајтот на Одделението за финансии и дерегулација. Владата во моментов го разгледува овој Водич кој треба да се објави до 31 март, 2011г. Политиката за слободен софтвер со отворен код на австралиската влада е достапна и на веб-сајтот на Одделението за финансии и дерегулација.

Извор: OSOR.eu „AU: Government moves to encourage use of Open Source Software“ 21 март, 2011.

Поврзани натписи