Мени

ЕУ: Повик за предлог-проекти на веб-претприемачи за WP2014-15

Повикот е наменет за проекти за создавање погодна околина во Европа што ќе поттикнува повеќе веб-претприемачи да основаат и да развиваат компании во Европа.


Во фокусот се претприемачи кои користат интернет и мобилни технологии како главни компоненти за нивните иновации, со позитивно влијание во континуумот од чинители во областа на претприемништвото.

Претстојното финансирање од 10 милиони евра ќе биде наменето за проекти за поттикнување на веб-претприемништвото во Европа со користење на нови прекугранични услуги заеднички развиени од страна на неколку локални екосистеми и центри за веб-претприемништво. Ќе се финансираат и координативни активности за зајакнување на околината за веб-претприемништво во Европа што ги користат синергиите во заедниците на засегнатите страни.

Со ова се очекува да се поддржи појавата на динамични европски екосистеми за веб-претприемачи кои исто така придонесуваат за обликувањето на идните конкретни политики за веб-претприемништво, а особено за спроведување на Иницијативата на ЕУ за „стартапи“ во Европа.

Повеќе информации за повикот се достапни овде.

Извор: Europe’s Information Society „WP2014-15 Web Entrepreneurs Challenge“

Поврзани натписи