Мени

Холандија: половина од јавната администрација има стратегија за софтвер со отворен код

Половина од јавната администрација во Холандија (51 отсто) има стратегија за софтвер со отворен код или подготвува таков план, а половина (53 отсто) има конкретни планови за поширока употреба на овој вид софтвер.

Ова се два од заклучоците што произлегоа од анкетата на NoiV, ресурсниот центар на холандската влада за софтвер со отворен код и отворени стандарди.

Анкетата исто така покажува дека 66 отсто од јавната администрација во земјата го поддржува слободниот формат на електронски документи (ODF) и истиот е воведен како опција за персоналот (69 проценти). Потоа, форматот на документи PDF се користи за објавување на документи без можност за нивна измена на веб-сајтовите на 62 отсто од јавната администрација.

Софтверот со отворен код најчесто се употребува од страна на јавната администрација за ИТ инфраструктура (75 отсто), управување со ИТ (58 отсто). На десктоп-компјутерите, софтверските решенија со отворен код ги користи 31 отсто од јавната администрација. Според NoiV, употребата на софтвер со отворен код на десктоп-компјутерите се зголемува особено во областите на управување со ИТ.

Во истражувањето, NOiV исто така ја прашува јавната администрација дали испитаниците предложувале софтверски решенија со отворен код на повиците за јавни набавки. Според одговорите, во 78 отсто од случаите немало софтвер со отворен код меѓу понудените опции. Меѓутоа, кога овој тип на софтвер бил понуден, во 43 отсто од случаите бил и избран.

Деталните резултати од третата годишна анкета на NOiV беа објавени на 7 јуни на веб-сајтот на организацијата. Ова овозможува да се споредат на пр. министерствата, општините и други институции на јавната администрација. Резултатите се, исто така, основа за NOiV Monitor, поописен извештај објавен од организацијата на 9 јуни.

Според овој извештај, повеќе од половина (61 отсто) од јавната администрација ги засега дали софтверот со отворен код е компатибилен со претходните ИТ решенија. Околу половина од испитаниците очекуваат да има проблеми при спроведувањето на овој тип решенија и околу една третина изразуваат сомневања околу сигурноста на софтверот, неговата стабилност и употребливост.

Извор: OSOR.eu “NL: Half of all public administrations have open source strategy” 28 јуни, 2011.

Поврзани натписи