Мени
DSC 0270

Конференција „е-Власт и Отворени денови на СЕЕИТА“

На 24 и 25 октомври 2013 година во Скопје, Комората за информатичка и комуникациска технологија – МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства – ADETEF и Француската агенција за промоција на извозот – UBIFRANCE ја организираа конференцијата „е-Власт и Отворени денови на СЕЕИТА“.

Конференцијата обезбеди можност за разните засегнати страни да ги споделат нивните перцепции околу тековната состојба со развојот на системите за е-власт во Македонија и плановите за во иднина. Покрај тоа, конференцијата обезбеди и преглед на искуствата од Франција во областа на развојот на е-власт. Сите материјали од конференцијата се достапни на интернет, на веб-локацијата www.seeita.org.

 

DSC 0270
 

Како претставник на фондацијата Метаморфозис, програмскиот координатор Филип Стојановски учествуваше во „Тркалезна маса за побарувачката“ на 24 октомври, претставувајќи ги потребите во областа на развојот на е-владеењето изразени од страна на граѓаните на Македонија преку разни средства, вклучувајќи анкети, написи на блогови, друштвени медиуми и форуми.


Презентацијата се осврна на влијанието од поставувањето приоритети за развојот на услугите за е-власт во кластерот за генерирање приходи во текот на последната деценија за потребите на државните институции, што резултира со отворање простор и можности за развој на нови услуги кои директно ќе им излезат во пресрет на потребите на граѓаните. Бидејќи граѓаните стануваат сè пософистицирани во областа на новите технологии, тие бараат сите владини услуги што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните да се претворат во е-услуги, а особено услугите „граѓанин кон власт“ (да се вршат преку интернет наместо граѓаните да чекаат во редици, како и да се спроведуваат финансиски трансакции преку интернет) и „власт кон власт“ (автоматска размена на податоци). Нивните барања се однесуваат и на зголемување на транспарентноста и отчетноста преку дигиталните средства, од достапноста на документи што не се сметаат за тајни (проактивна примена на слободата на информирање – Закони за слобода на информирање) до остварување на заложбите за отворени податоци. Во општите прашања спаѓа зголемувањето на интерактивноста, видливоста и свеста, зголемувањето на степенот на вклученост преку обезбедување услуги на повеќе локални јазици и спроведување на стандардите за пристапност за лицата со хендикеп, како и градење доверба со зголемување на мерките за заштита на приватноста и безбедноста.

Поврзани натписи