Мени

Македонија: PortAlb.mk – нов портал за вести на албански јазик

Новоотворениот PortAlb.mk го води тим професионални новинари кои се стремат да го надминат недостатокот на релевантни е-содржини на албански јазик за Македонија и странство.


Тимот составен од млади, но истовремено искусни новинари, има за цел да понуди поширока палета на вести, кои ги надминуваат лингвистичките и другите бариери меѓу медиумските сфери во земјата и регионот преку објективно известување засновано на примена и промоција на професионалните стандарди.

Овој информативен портал започна со работа на 6 април 2012 година во Скопје. Редакцијата има дописници во неколку градови низ Македонија кои обезбедуваат информации директно од теренот, а соработува и со други медиуми на разни јазици за на читателите да им понуди и поширок избор интересни содржини. Одделот за мислења и ставови овозможува комуникација со јавноста на интелектуалци и претставници на граѓанскиот сектор преку колумни и есеи, а тимот на PortAlb.mk исто така известува за актуелните теми од интерес за блогерите, твитерџиите и другите корисници на социјалните медиуми.

Содржините на Portalb.mk се објавени под лиценцата Криејтив комонс наведи-извор 2.5, со која се овозможува нивно споделување ако се наведе изворот (и да се постави линк кон него) за и на блогерите и другите медиуми да им се овозможи полесно користење и споделување на објавените информации.

Според Елида Зилбеари, главна и одговорна уредничка на PortAlb.mk, преку примена на професионалните стандарди прилагодени кон новата дигитална средина, тој ќе овозможи отворање на уште еден простор за јавна дебата и примена на правото на слобода на говор, со што ќе придонесе за унапредување на демократијата во земјата.

Адресата на веб-сајтот е www.portalb.mk, а неговиот тим со публиката комуницира и преку Твитер (twitter.com/Portalbmk), Фејсбук (facebook.com/portalb.mk)  и Гугл плус.

Поврзани натписи