Мени
password

Младите луѓе сè повеќе ги споделуваат лозинките од своите онлајн профили

passwordНа 17 јануари, 2012 година, во Њујорк Тајмс осамна напис на Мат Ричтел наречен „Млади, заљубени, споделуваат сè, вклучувајќи и лозинки“.

Накусо, во него тој раскажува:

Младите парови долго време ја искажуваат својата посветеност еден кон друг на различни начини – преку подарување кожна јакна, размена на класични прстени и нараквици. Најдобрите другари ги споделуваат комбинациите од катанчето на нивните шкафчиња. Дигиталната ера доведе до многу поинтимен обичај. За младите луѓе постана модерно нивната љубов да ја изразуваат со споделување на лозинките од нивниот имејл, Фејсбук и други профили. Момчињата и девојчињата понекогаш дури создаваат идентични лозинки и си дозволуваат меѓусебно да си ги читаат приватните мејлови и пораки.

Велат дека се свесни за ризикот на таквата дигитална инволвираност, бидејќи лошата врска може да доведе нивните онлајн тајни да ги злоупотребат еден против друг. Но, тие велат дека токму тоа е она што ја прави симболиката на споделување лозинки толку моќна.

„Тоа е знак на доверба. Немам што да кријам од него и тој нема што да крие од мене. Знам дека тој нема никогаш да направи нешто за да ѝ наштети на мојата репутација.“ – вели Тифани Каранданг, средношколка од Сан Франциско.

Менувањето на лозинката е едноставно, но штетата честопати е сторена пред лозинката да биде променета. Приказните за последиците вклучуваат отфрлено момче во средно училиште кое се обидува да ја понижи неговата поранешна девојка преку раскажување на нејзините имејл тајни; тензии помеѓу оние во врска поради приватните пораки на едниот од нив и знаци на неверство; или одземање на мобилен телефон од поранешниот најдобар другар, негово отклучување со лозинка и испраќање на заканувачки пораки до некого.

Во телефонска анкета во 2011 година, проектот Pew Internet and American Life откри дека 30 проценти од тинејџерите кои се постојано онлајн споделиле лозинка со пријател, момче или девојка. Анкетата спроведена на 770 тинејџери на возраст од 12 до 17 години, откри дека шансите за споделување лозинки се двојно поголеми кај девојчињата за разлика од момчињата.

Емили Кол, 16-годишна средношколка од Гластонбури, Конетикат, ги почувствувала последиците од предавството во седмо одделение, кога на нејзиното прво момче му ја открила лозинката од нејзиниот имејл. Потоа почнал да ѝ се допаѓа друг ученик кој ѝ испратил имејл. Нејзиното момче ја прочитало пораката и почнало да разгласува низ училиштето, нарекувајќи ја Емили „перверзна“. Емили вели дека тоа многу ја повредило, но дека и покрај тоа што се случило, таа нема да биде воздржана да ја сподели лозинката со нејзиното ново момче.

Дали е ова здрава навика на младите луѓе, или тие подлегнуваат под притисокот поради тоа што забранетото е послатко?

Прочитајте го целиот напис на англиски јазик на веб-сајтот на Њујорк Тајмс.

 

Поврзани натписи