Мени

Нова генерација на лиценците Криејтив комонс – добредојде верзија 4.0!

Пристигнаа лиценците 4.0 кои сега се достапни за усвојување. Овие лиценци на кои се работеше повеќе од 2 години се најглобалните, правно издржани лиценци досега подготвени од Криејтив комонс. Инкорпорирани се повеќе промени и подобрувања што овозможуваат полесно споделување и повторна употреба на материјалите лиценцирани со Криејтив комонс.

Овие лиценци се екстремно погодни за употреба од страна на владите и објавувачите на информации и други податоци во јавниот сектор, особено за оние во Европската унија.

Некои од новите возбудливи карактеристики се и подобрената читливост и организираност, како и нов механизам кој дозволува оние кои ненамерно ќе ја прекршат лиценцата да си ги вратат своите права автоматски доколку прекршувањето се коригира навреме.

Најзначајните подобрувања на лиценците може да ги видите на веб-локацијата на Криејтив комонс, да ја следите јавната дискусија и еволуцијата на нацртите на лиценците на вики страницата.

Процесот на изработка на верзијата 4.0 претставува заеднички напор на посветената мрежа од правни експерти и експерти за јавно лиценцирање и активната, гласна отворена заедница.

Извор: creativecommons.org „CC’s Next Generation Licenses — Welcome Version 4.0!“ 25 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи