Мени

„Отворени“ – клучен збор во стратегијата за ИКТ на Унгарија

Отворените стандарди и слободниот софтвер се суштински во пристапот на Унгарија кон ИКТ, изјави Габор Фекете, заменик-министер за надворешни работи во своето воведно обраќање на конференцијата организирана од владиниот ресурсен центар за слободен софтвер одржана на 27 ноември во Будимпешта.

Владата сака да го зајакне домашниот ИТ сектор, да ја намали неговата затвореност со комерцијални решенија, да ги намали трошоците за своите решенија за ИКТ и да обезбеди интероперабилност на владините е-услуги.

Постигнувањето интероперабилност е централниот принцип на владините планови за периодот 2014 – 2020 за јавната администрација, вели Фекете. Со дизајнот на владините ИКТ-системи сè уште останува да се надмине „петнаесетгодишниот долг“. „Модернизацијата на ИКТ е од суштинско значење за подобрување и поедноставување на владините услуги“.

Заменикот министер за надворешни работи пред присутните на конференцијата изјави дека владата сака да ги направи образовните материјали и решенијата засновани врз слободен софтвер достапни бесплатно достапни. Тој рече дека слободниот софтвер ќе биде дел од централните решенија, одговарајќи на очекувањата на јавните институции и претпријатија.

Извор: Joinup.eu „’Open’ one of keywords in Hungary’s ICT strategy“ 17 декември, 2013.

 

Поврзани натписи