Мени

Шпанија: ИТ-обнова во Екстремадура за остварување милионски заштеди и зголемување на употребата на слободниот софтвер

Шпанскиот автономен регион Екстремадура започна со стратешки „ремонт“ на својата ИТ за да заштеди милиони евра и да ја зголеми употребата на слободен софтвер, соопшти Cenatic, Ресурсниот центар на шпанската влада за слободен софтвер и отворени стандарди.


Минатата недела, претседателот на Екстремадура Хозе Антонио Монаго изјави дека регионот сè повеќе ќе користи слободен софтвер, „што ќе резултира со значителни заштеди за јавната администрација“.

Регионот останува посветен на слободниот софтвер, вели Cenatic во соопштението со кое го најави почетокот на прегледот на стратегијата за ИТ на Екстремадура. Прегледот треба да се заврши во рок од три месеци и да обезбеди детален план за информатичката технологија во следните осум години.

Владата на Екстремадура вели дека очекува со „ремонтот“ да се остварува заштеда од 30 милиони евра годишно.

Cenatic додава дека претседателот на Екстремадура, Хозе Антонио Монаго ги потврдил заложбите за слободен софтвер на администрацијата во регионот. Според Cenatic, претседателот најавил дека јавната администрација во Екстремадура „во многу блиска иднина“ ќе почне да го користи овој софтвер, со што „администрацијата ќе оствари значителни заштеди“.

Извор: Joinup.eu „Extremadura overhauls IT to save millions and to increase open source“ 31 март., 2012.

Поврзани натписи