Мени
THUMB I084117INT1W-290x290

Советот на ЕУ дискутираше за Отворените образовни ресурси, но без да навлегува во детали

Минатата недела, Советот на Европската унија составен од министри од земјите-членки дебатираше на темата „Отворени образовни ресурси и дигитално учење“.

Дебатата се одржа за време на состанокот на Советот за образование, млади, култура и спорт на 25 и 26 ноември 2013 г.

THUMB I084117INT1W-290x290Состанокот беше поврзан со Иницијативата „Отворање на образованието“ што Европската комисија ја стартуваше кон крајот на септември и во која развојот на политики за отворени образовни ресурси игра клучна улога. Меѓутоа, опсегот на дебатата во текот на состанокот на Советот беше поширок и се чинеше дека не е добро поврзан со проектот „Отворање на образованието“. Советот не обезбеди писмен заклучок по ова прашање. Врз основа на ограничените информации на располагање (видете стр. 10 од записникот од состанокот), се чини дека Советот се фокусирал првенствено на општи прашања поврзани со дигиталното учење и масовните отворени курсеви преку интернет (што привлекуваат големо внимание кај јавноста, како и кај креаторите на политики).

Слично на тоа, во краткиот документ за официјалниот став, подготвен од Литванското претседателство и насловен како „Документ за дискусија на претседателството: Отворените образовни ресурси и дигиталното учење“ не се нуди цврст став во однос на отворените образовни ресурси. Во документот се наведуваат предности и предизвици и се вели дека „ова е вистинското време за дебата на европско ниво околу можностите и предизвиците што несомнено ќе ги донесат отворените образовни ресурси“.

Соопштението за „Отворање на образованието“ нуди многу порешителен став во однос на отворените образовни ресурси како корисни за образованието во Европа. Добро е што претставниците на министерствата за образование дискутираат за отворените образовни ресурси. Меѓутоа, ако состанокот на Советот се третира како примерок, тоа значи дека е потребна уште многу работа на национално ниво , за креаторите на политиките да добијат јасна претстава за придобивките од отвореното образование и за улогата на отворените образовни ресурси во рамките за дигитално учење.

Краток извештај од состанокот е достапен на порталот Open Education Europa.

Извор: oerpolicy.eu „Council of the EU discusses OER, but is vague on details“ 4 декември, 2013.

 

Поврзани натписи