Мени

Употребата на софтверот со отворен код се зголемува во училиштата во Обединетото Кралство

Високообразовните институции на Обединетото Кралство ја зголемуваат примената на слободен софтвер со отворен код, заклучи по спроведеното истражување OSS Watch (организација на јавната администрација).

Најпотребни се алатките за прецизно одредување на вкупните трошоци на сопственост за софтверот – без разлика дали се работи за неслободен софтвер или слободен софтвер со отворен код.

Според OSS Watch, резултатите од нејзиното четврто истражување што се спроведува на секои две години покажуваат дека „сега постои реална можност за добавувачите на софтвер со отворен код да создадат понуди погодни за овој сектор. Сепак, истражувањето исто така покажува дека институциите треба да стекнат разбирање околу тоа како да ги оценуваат производите базирани на софтвер со отворен код и како да ги оценуваат добавувачите и да ја спроведуваат соработката со тие добавувачи или со самите проекти“.

Истражувањето на OSS Watch беше објавено на 5 април.

Истражувањето покажува дека има голем пораст на бројот на институции кои сега се смета дека користат софтвер со отворен код кога набавуваат ИТ решенија. Сепак, 35 отсто од високообразовните институции и 15 отсто од институциите за понатамошно образование велат дека претпочитаат да користат неслободни решенија. „Сметаме дека ова се должи на континуираниот недостаток на разбирање за софтверот со отворен код со којшто треба да се справиме“.

Од сите образовни институции за понатамошно образование, 4 отсто велат дека софтверот со отворен код е претпочитаната опција, а 61 го имаат предвид како опција. Ниту една од институциите за високо образование не го гледа софтверот со отворен код како претпочитана опција, а 74 сметаат дека е една од можностите.

OSS Watch контактираше со 619 ИТ раководители од институциите за високо и натамошно образование. Вкупната стапка на одговори беше 18 проценти. Организацијата исто така испрати прашалници до професионалци што работат во секторот и ги искористи одговорите од 138 испитаници.

OSS Watch им помага на високообразовните институции во државата да користат софтвер со отворен код. Еден друг проект, „Училишта со слободен софтвер“ помага за подигнување на свеста кај училиштата за предностите на слободниот софтвер со отворен код.

Извор: OSOR.eu ‘Open source on the rise in UK schools’

Поврзани натписи