Мени

Здравство 2.0 Европа 2013: Ќе се претстават технологии за трансформирање на здравството

На четвртата годишна конференција Здравство 2.0 Европа (Health 2.0 Europe) ќе се соберат над 500 претприемачи, инвеститори, здравствени работници, пациенти, фармацевтски и осигурителни компании за да се поврзат и во живо да следат презентации на технологии за трансформирање на европската здравствена заштита.

Ќе се стартува нов проект финансиран од ЕУ под називот „GET“, дизајниран за поддршка на претприемачите од здравството и на малите и средни претпријатија во различни фази од нивниот развој.

Конференцијата се организира во партнерство со Националната здравствена служба на Англија (NHS), а директорот на службата Тим Келси ќе го претстави неговиот план за отворање на службата NHS и нејзините податоци за претприемачите додека Директорот на стратешки системи и технологија Беверли Брајант и техничкиот директор Алекс Абот ќе претстават суштински насоки за ориентација, за вклучување во системот.

Конференцијата ќе биде и можност за стартување на новиот проект финансиран од ЕУ, наречен „GET“. Проектот ќе обезбеди услуги со големо влијание врз малите и средни претпријатија за е-здравство и претприемачите, за да се зголеми нивниот раст и да се поместат кон следното ниво на конкурентност. Ќе нуди обука, менторство, пазарна интелигенција, поддршка и, пред сè, квалитетни контакти.

Вмрежување и следење презентации во живо

Здравје 2.0 започна како компанија. Сега е глобално движење. 4-то издание ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Лондон и ќе собере над 500 учесници – присутни за да остварат контакти, да видат кој што прави и да гледаат демонстрации во живо од технологиите што ќе го трансформираат европското здравство во иднина.

Сесиите ќе се фокусираат на големи податоци, алатки од Здравство 2.0 за стари лица, обучување на пациентите и подобрување на нивниот однос со давателите на услуги, можности и предизвици во Централна и Источна Европа, новата улога на фармацијата во подобрувањето на резултатите, зошто и како инвеститорите треба да го поддржат дигиталното здравство и многу повеќе.

„Конференцијата Здравство 2.0 е фантастична. Се надевам дека Здравство 2.0 Лондон ќе стане редовен настан каде што луѓето ќе можат да доаѓаат и да покажат што прават“, изјави Тим Келси, директорот за пациенти и информации на NHS.

Регистрирајте се за конференцијата овде.

Извор: Europe’s Information Society „Health 2.0 Europe 2013 will show off technologies transforming healthcare“

 

Поврзани натписи