Мени
obuka-1

Курсеви

Метаморфозис организира обуки (курсеви) кои може да се состојат од еден или повеќе модули кои може да се комбинираат според потребите на клиентот. Некои од темите кои може да се опфатат со овие обуки се:  користење на социјалните медиуми за промоција и активизам, веб-новинарство, обработка на аудио и видео содржини, веб дизајн и друго.

Со овие обуки може да ги адресирате слабостите на вашата организација и да ја подобрите организациската изведба, како и да постигнете конзистентност и задоволство меѓу вработените.

Придобивките од подобрувањето на вештините на вработените се: подобрена продуктивност, пожива и вклучена работна сила, подобра тимска изведба, зголемено учество и комуникација, поголема доверба на вработените.

Курсеви

Подобра ефективност преку клауд технологии

Овие курсеви нудат знаење за придобивките и ризиците, како и препораки за користење на клауд технологии и чекори за подобрување на вашите бази на податоци и како да ги намалите трошоците преку транзиција кон клауд компјутерски модел.
bewman-logo

Управување со е-отпад

Овој курс ви нуди знаење за поеколошка електроника преку преглед на условите за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.

Компјутерска писменост

Овој курс ви нуди знаење и можност да ги користите компјутерите и сродните технологии ефикасно, преку споделување на широк опсег на вештини покривајќи различни нивоа, почнувајќи од основните вештини за употреба се до програмирање и напредно решавање на проблеми.

Онлајн безбедност

На овој курс ќе добиете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.  

Отворени податоци

Обуката за отворени податоци Ви овозможува да се запознаете со дефиницијата за отворени податоци и начинот како да препознаете и искористите отворените податоци.

Принципи на отворена влада

Овој курс ви овозможува да научите  за владејачката доктрина која се залага дека граѓаните имаат право на пристап до владини документи и процедури со цел ефикасен јавен надзор, како и да ви овозможи да дознаете повеќе за тоа како да пристапите до работата на владата.

Промоција преку социјални медиуми

Курсевите за промоција преку социјални медиуми се фокусираат на креирањето на содржини кои привлекуваат внимание и го поттикнуваат читателот да ги сподели истите на своите социјални мрежи. Овие курсеви нудат детални инструкции за како: Да ја промовирате  содржината на вашиот блог или на вашата одредишна страница преку социјални медиуми Зголемете ја посетеноста на вашата ...

Дигитални приказни

Курсот се однесува на куса форма на продукција на дигитални медиумски записи кои им овозможуваат на луѓето да споделуваат аспекти од своите животни приказни. „Медиумски записи“ може да подразбира дигитален еквивалент на филмски техники, анимација, фотографии, аудио записи или било која друга форма на медиумски запис кој не е физички (материјал кој постои само како електронски ...

Говор на омраза на Интернет

Целта на обуката е да се научи како да се препознава говорот на омраза онлајн во сите негови форми, вклучувајќи ги оние кои најмногу ги засегаат младите, како што се сајбер насилството и сајбер омразата. Обуката се фокусира на употребата на социјални медиуми за социјална интеракција и демократска вклученост.
news-65343_640

Онлајн новинарство

Со напредокот на електронските медиуми дојде до зголемување на побарувачката за одговорни новинари – професионалци со вештини и знаење да ги користат новите медиуми и да се емитува навремено информирање на јавноста. Со овој курс, учесниците ќе научат за правата и обврските на медиумските професионалци во една демократија.
video-aktivisam

Видео активизам

Преку оваа обука учесниците се запознаваат со значењето и историјата на видео-активизмот, неговото препознавање и улогата во секојдневниот живот. Воедно, на обуката учесниците стекнуваат вештини за напредно, мануално управување со камера, за напредна обработка на снимките и изработување на естетски попријатни и помоќни видео снимки.
photography-407188_640

Фото-активизам

Преку оваа обука учесниците се запознаваат со значењето и историјата на фото-активизмот, неговото препознавање и улогата во секојдневниот живот. Воедно, на обуката учесниците стекнуваат вештини за напредно, мануално управување со фотоапарат, за напредна обработка на фотографиите и изработување на естетски попријатни и помоќни фотографии.
online-activism

Онлајн активизам

Курсот нуди нови гледишта кон улогата која активистите ја играат при залагањето за слободно и отворено општество. Фокусот е на употребата на технологијата и онлајн алатките за мобилизирање и организирање на поддржувачи, како и за градење на онлајн комуникација.