Мени

Француската влада сака да ја зајакне контролата на интернетот

На 21 август 2012 г, премиерот Жан-Марк Аиро побара од тројца министри да работат на поврзување на CSA (Врховниот Совет за аудиовизуелни услуги) и Arcep (Регулаторно тело за телекомуникации и пошта) барајќи од нив да ја координираат нивната работа со работата на Пјер Лескир, поврзана со иднината на Hadopi.

Барањето на премиерот очигледно има за цел да ги одземе овластувањата за регулирање на интернетот од Hadopi и да ги пренесе на CSA. Ова е причина за загриженост, имајќи ги предвид намерите на CSA за филтрирање содржини и откажување од неутралноста на интернетот. Набљудувачот на ЕДРИ – La Quadrature du Net го насочува вниманието кон ризикот од претворање на интернетот во аудиовизуелна услуга, со цел да му се наметнат административни прописи што може да доведат до цензура.

„Регулирањето на содржини“ од страна на централизирано тело е пристап што е осуден на пропаст: интернетот не е „аудиовизуелна услуга“, „содржините“ се произведуваат од страна на трговски друштва и поединци. Објавувањето содржини на интернет претставува слобода на изразување и демократско учество за сите. Да се наметне регулирање на интернетот на ист начин како и телевизијата е значи чекор поблиску до административна контрола на мрежата и кон цензура на комуникациите“, изјави Џереми Цимерман од La Quadrature du Net.

Иако Hadopi наиде на жестоки критики и отпор, можноста CSA да биде задолжен за регулирање на интернетот е уште позастрашувачка.

Во меѓувреме, Hadopi предвидува постепен одговор и се спротивставува на предлозите од Sacem или SNEP на пример, со кои се бараат поблаги казни за корисниците за кои се утврдило дека преку интернет нелегално споделуваат материјали заштитени со авторски права. Во моментов, казната е всушност прекинување на пристапот до интернет и парична казна од 1.500 евра. Сепак, иако Hadopi испрати голем број предупредувачки писма до корисниците на интернет, ниту еден суд сè уште не применил каква било казна со оглед на несразмерните казни и тежината за докажување на прекршокот.

Со предлозите се бараат поблаги, но порешителни санкции кои јасно може да се применат. Предлогот на Sacem е дури и да се примени автоматски систем за казни пресметувани според радари за интернет сообраќај. Миреј Имбер-Карета, претседател на Комисијата за заштита на Hadopi права, предупредува за можноста всушност да се добие уште порепресивен систем. „Јас, исто така, го делам мислењето дека казните за прекршоци би биле уште порепресивни доколку се воведат наместо постепена реакција: ризикот од автоматизирање на процесот, можност за акумулирање на казните, неможноста за поднесување жалби за казните со прекинување на интернет пристапот, неинформираноста на јавноста околу фактот дека со P2P софтверот се споделуваат содржини и дека тоа споделување претставува прекршок…“
Значи, би можело да биде уште полошо отколку со Hadopi.

Извор: ЕДРИ-грам „The French government wants to reinforce Internet control“ бр. 10.16, 29 август, 2012.

Поврзани натписи