Мени

Германската Викимедија започнува со проект за централен пристап до структурирани податоци и нивна повторна употреба

Германската Викимедија неодамна лансираше нов проект насловен Wikidata. Проектот има за цел да овозможи единствен, заеднички извор на структурирани податоци кои може да се користат во сите јазични верзии на Википедија.

Википедија во моментов има повеќе од 280 различни јазични верзии кои споделуваат голем број слични информации, како што се датуми на раѓање и дефиниции. Досега немаше една централна база на податоци од која секоја јазична верзија можеше да ги влече овие информации, така што единствената опција беше истите да се внесуваат рачно.

Проектот Wikidata сега ќе обезбеди единствен извор на структурирани податоци за сите јазични изданија, овозможувајќи им на уредниците од различните јазични изданија да добиваат податоци од овој централен извор наместо да ги внесуваат рачно. Овој пристап е сличен на начинот на кој се користи Викимедија Комонс за размена на мултимедијални датотеки.

Употребата на Wikidata се очекува да резултира со поголема конзистентност и квалитет на статиите на Википедија во различните јазични верзии и да стави на располагање поголем број информации во помалите јазични изданија.

Wikidata и DBpedia

На прв поглед, се чини како да има значително преклопување помеѓу проектите Wikidata и DBpedia, бидејќи и двата работат со структурирани податоци на Википедија. Меѓутоа, проектите се разликуваат во своите цели:

DBpedia извлекува структурирани податоци од рамките со информации во Википедија и ги објавува во RDF и во неколку други формати и ги поддржува заложбите на заедницата да се дефинира извлекувањето на податоците за да може да се користат на Википедија и на други платформи.

Од друга страна, Wikidata овозможува рамките со информации да се создаваат од структурирани податоци зачувани во база на податоци. Ова овозможува DBpedia да ги намали своите напори за извлекување на податоци преку повторна употреба на структурираните податоци обезбедени од Wikidata.

Извор: Joinup.eu „Wikimedia Deutschland starts project for reuse and central access to structured data“ април, 2012.

Поврзани натписи