Мени

Студија за масовниот надзор во Обединетото Кралство, Шведска, Франција, Германија и Холандија

Европскиот парламент ја објави студијата „Националните програми за масовен надзор на личните податоци во земјите-членки на ЕУ и нивната компатибилност со европското право“.

По обелоденувањето на PRISM и други американски програми за надзор, оваа студија изврши процена на практиките за масовен надзор во неколку земји-членки на ЕУ: Обединето Кралство, Шведска, Франција, Германија и Холандија. Со оглед на големите размери на конкретните практики за надзор, кои претставуваат реконфигурација на традиционалното собирање разузнавачки информации, студијата тврди дека анализата на Европските програми за надзор не може да се сведе само на прашање за рамнотежата меѓу заштитата на податоците и националната безбедност, туку мора да се постави во однос на колективните слободи и демократијата.

Во студијата се утврдува дека четири од петте членки на ЕУ избрани за темелно испитување се вклучени во некој вид масовно следење и пресретнување податоци од комуникации и ги идентификува паралелите и разликите меѓу овие програми и операциите водени од NSA.

Студијата тврди дека овие програми за надзор не се надвор од доменот на интервенција во ЕУ, но може да бидат применети од перспектива на правото на ЕУ преку (1) разбирање на националната безбедност во една рамка за демократско владеење на правото каде основните стандарди за човекови права и судскиот надзор се клучни стандарди; (2) ризиците за внатрешната безбедност на Унијата како целина, како и приватноста на граѓаните на ЕУ како сопственици на податоците, и (3) потенцијалното прелевање во активностите и одговорностите на агенциите на ЕУ. Во студијата се наведуваат и повеќе препораки за политики до Европскиот парламент.

 

Поврзани натписи