Мени

Бројот на сопственици на компјутери двојно ќе се зголеми до 2010 година

Според извештајот на експертите од Форестер Рисрч, се очекува бројот на персонални компјутери до 2010 година да достигне до 1,3 милијарди компјутери…

Според извештајот на експертите од Форестер Рисрч (Forrester Research), се очекува бројот на персонални компјутери до 2010 година да достигне до 1,3 милијарди компјутери. Извештајот предвидува дека зголемувањето ќе биде предизвикано од новите пазари како што се Кина, Русија и Индија.

Се очекува дека повеќе од една третина од вкупниот број на нови компјутери ќе биде на овие пазари, што ќе се должи на ниските цени на компјутерите што ќе се произведуваат од локалните компании. Кина ќе учествува со 178 милиони нови компјутери произведени во 2010 година. Извештајот доаѓа само една недела откако Ајбием (IBM) го продаде својот сектор за производство на компјутерски хардвер на најголемиот кинески производител на компјутери, Леново (Lenovo).

Во моментов се користат 575 милиони компјутери ширум светот. Според извештајот се очекува САД, Европа и Азиско-пацифичкиот регион да учествуваат со 150 милиони нови компјутери до 2010 година. Се претпоставува дека до 2010 година ќе има 80 милиони нови компјутерски корисници во Индија и 40 милиони во Индонезија.  

Поврзани натписи