Мени

Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер?


Дури 64% од јавноста смета дека продавниците кои тргуваат со пиратски софтвер не треба да бидат казнети со затворање.

Центарот за информациски и комуникациски технологии „Метаморфозис“ во периодот од 16 февруари до 19 април 2004 година спроведе анкета на својот веб-сајт (www.metamorphosis.org.mk) со прашање „Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер“.

На прашањето од анкетата одговорија вкупно 773 посетители на веб-сајтот, од кои 493 посетители (64%) одговорија дека не треба да се казнат, 237 посетители (31%) одговорија дека треба да се казнат, 28 посетители (4%) не се одлучни за одговорот, а 15 посетители (2%) не знаат.

Графички приказ на резултатите од анкетата:


Еве и дел од коментарите кои посетителите ги оставија на веб сајтот (каде што тие се достапни во целост):

Знаеме дека би било најлогично да се плаќа вистинската цена за еден софтвер, меѓутоа, каква е економската ситуација во Македонија и колкав е степенот на сиромаштија, вистински успех за луѓето е и купување на копија. – Милан од Торонто

…Ако софтверот Виндоуз би се продавал за 25-30 долари јас би го купил, но ако е 160-250 долари за Виндоуз и 180-250 долари за Офис е премногу за Македонија со своите плати. – Емил од Скопје

Сметам дека за да издвојам 15 евра за едно цеде од мојата просечна плата од 150 евра , од која треба и три деца да исхранам и образувам, е премногу, па затоа ќе се задоволам со копии само за да бидеме како семејство едуцирани со се она што е ново. – Елизабета Тевдоска, Скопје

Поврзани натписи