Мени

Франција: Речиси целиот јавен сектор користи софтвер со отворен код

Речиси целата администрација (96 отсто) користи софтвер со отворен изворен код, според едно истражување на францускиот пазар на софтвер. Најкористени апликации се системите за управување со бази на податоци и системите за управување со содржини.

Една истражувачка агенција, Markness, претстави резиме од својот извештај за употребата на софтвер со отворен код во Франција, на 17 септември, во Париз. Извештајот е подготвен врз основа на онлајн-анкета спроведена за време на летните месеци по што следеа интервјуа со 160 директори на ИТ проекти, шефови на оддели за набавки и други носители на одлуки во областа на ИТ, од кои половина се вработени во приватниот сектор, а другата половина го претставува јавниот сектор. Беа спроведени уште 50 интервјуа со продавачи на ИТ.

Освен во базите на податоци и веб-сајтовите, софтверот со отворен код се користи и за ИТ администрација. Markness очекува во 2011 година околу 63 проценти од фирмите и организациите да користат канцелариски апликации со отворен код.

Главната причина за користењето на софтвер со отворен код е што производите се „зрели“, одговорија 77 отсто од учесниците во истражувањето. Вториот најчест аргумент, на 67 отсто од испитаниците, е тоа што нуди независност од добавувачите на ИТ. Интероперабилноста и развојот на јавните политики се наведени како причини од 48 и 43 проценти од учесниците.

За да користат софтвер со отворен код, фирмите и организациите треба да побараат техничка помош и поддршка, изјавија 54 и 44 отсто од испитаниците. Исто така, 38 отсто изјавија дека се потребни промени во ИТ одржувањето,.

Истражувачката агенција вели дека според половина од испитаниците – тековната финансиска криза не е причина за миграцијата кон софтвер со отворен код. Сепак, за 39 отсто од испитаниците, кризата секако придонела за таков исход. Во 2011, софтверот со отворен код ќе зазема помалку од 20 отсто од ИТ буџетот на институтите од јавниот сектор.

Markness очекува дека францускиот ИТ пазар на софтвер со отворен код ќе оствари раст од 16 отсто до 2011.

 

Извор: OSOR.eu „FR: Almost entire public sector is using open source“ 30 септември 2009

Поврзани натписи