Мени

Групите за човекови права апелираат до Европскиот парламент да гласа за цврсти правила за заштита на податоците

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент на 21 октомври ќе одлучува за иднината на заштитата на приватноста и податоците во Европа.

Неодамнешните откритија за владиниот надзор вршен преку некои од најголемите компании на интернет ја нагласија итната потреба за ажурирање на правилата за приватност во Европа.

Регулативата ќе има големо влијание врз дигиталната средина за граѓаните, компаниите и државните органи. „Имаме избор меѓу јасни, усогласени, предвидливи и применливи правила од кои европските граѓани и компании ќе имаат корист, или нејасни и непредвидливи правила од кои корист ќе имаат само податочните монополи и адвокатите“, изјави Џо Мекнејми, извршниот директор на ЕДРИ.

Граѓанските организации се загрижени дека какво било ослабување на европските правила и принципи за заштита на податоците ќе ги поткопа правата и слободите на европските граѓани. Изминатите месеци покажаа колку е важно да се ограничи собирањето податоци на неопходниот минимум, за да се обезбеди приватноста и да се заштити правото на поединци да ги бришат своите податоци од сервисите на интернет. Европскиот парламент сега има одговорност да обезбеди дека Европа ќе добие цврсти правила за заштита на податоците, во насока на конкурентен и усогласен пазар.

Регулативата ќе биде цврста само колку и нејзината најслаба алка, па затоа е важно да не се создадат дупки кои би ги поткопале нашите демократски права.

Заедничко соопштение за печат на:

Access
Raegan MacDonald +32 486 301 096
raegan@accessnow.org

Alternative Informatics Association – Turkey
Özgür Uckan + 90 1 216 418 0 417
bilgi@alternatifbilisim.org

Article 19
Thomas Hughes, Executive Director +44 (0) 20 7324 2510
communications@article19.org

Chaos Computer Club
Christian Horchert +49 151 46429622
fukami@ccc.de

Bits of Freedom
Tim Toornvliet : +31 6 18606472
tim.toornvliet@bof.nl

Digitalcourage e.V.
Dennis Romberg
+49 521 1639 1639
presse@digitalcourage.de

Digitale Gesellschaft
Markus Beckedahl +49 177 207503541
presse@digitalegesellschaft.de

European Digital Rights
Joe McNamee +32 2 2742570
press@edri.org

Electronic Frontier Finland
Ville Oksanen +358 40 5368583
effi@effi.org

Foundation for Information Policy Research (FIPR)
Ross Anderson +441223 334733
Ross.Anderson@cl.cam.ac.uk

Föreningen för Digitala Fri- och Rättigheter (DFRI)
Andreas Jonsson +46 733755980
andreas@dfri.se

Initiative für Netzfreiheit
Josef Irnberger josef.irnberger@netzfreiheit.org
+43 (0) 699 10 47 88 31

La Quadrature du Net
Jérémie Zimmermann +33 6 1 59 40 6 75
jz@laquadrature.net

Liga voor Mensenrechten vzw
Caroline de Geest +329 223 07 38
Caroline@mensenrechten.be

Open Rights Group
Jim Killock +44 784498127
jim.killock@openrightsgroup.org

Panoptykon Foundation
Katarzyna Szymielewicz +48 692 404 096
katarzyna.szymielewicz@panoptykon.org

Privacy International
Anna Fielder +44 20 7242 2836
anna@privacy.org

VIBE – Verein für Internet-Benutzer Österreichs
Andreas Krisch +43 1 480502511
andreas.krisch@vibe.at

Vrijschrift
Walter van Holst
walter.van.holst@xs4all.nl

 

Извор: ЕДРИ-грам „Joint press release – Civil rights groups call on European Parliament to vote for strong data protection rules“ 17 октомври, 2013.

 

Поврзани натписи