Мени

Холандија: Заштита на приватноста и податоците во 2008

Состојбата со заштитата на приватноста и податоците во Холандија не се подобри во 2008. Јавната дебата се фокусираше на системи за прибирање на податоци поврзани со фундаментални аспекти од животите на холандските граѓани, како што се комуникациите, здравјето и патувањето.


За жал, нема знаци дека загриженоста или јавните приговори во однос на приватноста ќе доведат до значителни подобрувања на дизајнот на системите или повторно анализирање на нивните цели, вредност или влијание врз општеството.

По неколку години преговарање, холандската Агенција за заштита на податоците (DPA) ги одобри гаранциите за заштита на податоци со системот на смарт картичка за секторот на јавниот превоз. Освен другите поголеми проблеми со имплементацијата, системот на смарт картичка предизвикува и голема загриженост за приватноста поради планираната регистрација на сите патувања на корисниците на холандскиот систем за јавен превоз во една централна база на податоци.

На крајот на 2008 г., DPA го одобри системот откако доби гаранции дека само изведените податоци ќе се искористат за рекламни цели со можност за нивно повлекување и дека за каква било обработка на податоци за личното патување ќе се бара одобрение од сопствениците. Бидејќи нема цврсти гаранции дека сите лични податоци за патувањата ќе се избришат или дека системот нема да овозможи пристап до информации за патувањата во форма што може да се идентификува, многумина изразија разочараност поради ова одобрение. Друг проблем поврзан со приватноста при превозот за којшто повторно јавно се дебатираше во 2008 беше планираниот систем за наплата на патарини. Тековниот дизајн на системот го вклучува собирањето на информации за патувањата.

Холандскиот парламент го зема предвид Законот за имплементација на задржувањето на податоците во првата половина на 2008 година. Во овој контекст, група од проминентни академици ја изрази својата загриженост дека холандското општество се претвора во општество што контролира и во полициска држава. Откако парламентот го усвои законот, намалувајќи го периодот на задржување на податоците од 18 на 12 месеци, Сенатот критички гледаше на предлогот. Сенатот исто така има предвид друг закон со кој би се рационализирал пристапот на државната безбедносна агенција до збирки на податоци во јавниот, комуникацискиот, транспортниот и финансискиот сектор.

Веројатно најзначајната дискусија за приватноста се одвиваше во здравствениот сектор. Електронскиот систем за пациенти (EPD), централизиран систем за собирање и размена на медицински податоци за користење од страна на медицински професионалци, предизвика голема загриженост за приватноста и генерираше 170.000 приговори. Исто како и смарт картичката за јавниот превоз, EPD се соочи со големи проблеми при имплементацијата и неодамна беше одложен. Сличен државен архивски систем за деца, со кој се предложи да се подобри грижата за децата преку создавање на екстензивно дигитално досие од секој млад поединец - е сè уште на политичката агенда. Збирката на податоци во која влегуваат медицински податоци, психосоцијални податоци и субјективни мислења за децата и нивните родители, ќе се ажурира за сите деца додека тие достигнат возраст од деветнаесет години, а потоа истите податоци ќе се чуваат уште 15 години.

Извештајот што Владата го побара за рамнотежата помеѓу приватноста и безбедноста во јавниот сектор беше конечно објавен. Во извештајот со наслов „Направи го едноставно, само направи го“, се заклучува дека Владата и државните агенции треба да бидат прагматични, но да направат многу повеќе за да ја заштитат приватноста  и да се справат со можната тензија помеѓу приватноста и безбедноста додека ја вршат својата работа. Извештајот дава неколку препораки и референтна рамка за справување со прашања од областа на приватноста и безбедноста. Советува да „биде едноставно, да се осигури дека безбедноста и приватноста меѓусебно се поткрепуваат колку што е можно повеќе.“ Извештајот беше протолкуван од медиумите како повик да се прекине со освртот на фундаментални прашања поврзани со обработката на лични податоци во јавниот сектор.

EDRi-gram: Dutch Parliament lowers data retention term to 12 months (4.06.2008)


OV-Chipkaart roll-out creeps forward (16.01.2009)

 

Извор: ЕДРИ-грам „Privacy and data protection in the Netherlands in 2008“ бр. 7.2, 28 јануари, 2009.

Поврзани натписи