Мени

Како компаниите за антивирусни решенија се справуваат со државно спонзориран злонамерен софтвер

Минатиот месец, меѓународната коалиција од организации за граѓански права и академски експерти ги праша компаниите што продаваат антивирусен софтвер како се справуваат со државно спонзорираниот злонамерен софтвер. Некои од нив веќе одговорија, а одговорите се интересни.

Писмото подготвено од Bits of Freedom и потпишано од организации како што се ЕДРИ, неколку членови на ЕДРИ и експерти за безбедност, како што е Брус Шнајер, беше испратено до различни компании за антивирусни решенија (целосниот список е достапен подолу). Во писмото, коалицијата пишува дека овие компании имаат значајна улога во обезбедувањето безбедност и во одржувањето на довербата на корисниците на интернет кои вршат чувствителни активности како што е електронското банкарство. Затоа, тие беа замолени да одговорат на четири прашања:

1 ) Дали досега откриле употреба на државно спонзориран софтвер за вршење надзор;
2) Дали некогаш добиле барање од некоја влада да не го откриваат таквиот софтвер или, доколку го откријат, да не го известат корисникот за тој владин софтвер;
3 ) Дали некогаш одобриле такво барање;
4 ) Како би одговориле на такво барање во иднина.

До овој момент одговорија само мал број продавачи на антивирусни решенија: ESET, F-Secure, Norman Shark, Kaspersky, Panda и Trend Micro. Сите компании го потврдија откривањето на државно спонзориран злонамерен софтвер, на пр. R2D2 и FinFisher. Исто така, тие велат дека никогаш не добиле барање за неоткривање злонамерен софтвер, но и дека доколку тоа би било побарано од некоја влада во иднина , не би се согласиле. Сите гореспоменати компании веруваат дека не постои такво нешто како безопасен малициозен софтвер.

Неколку компании не одговорија на писмото пред крајниот рок. Писмото беше испратено до: Agnitum, Ahnlab, Avira operations GmbH & Co. KG, AVG, AVAST software a.s., Bullguard Ltd, Bitdefender SRL, F-Secure Corporation, Kaspersky Lab, McAfee Inc, Norman Shark, Microsoft Corporation, ESET spol. S r.o., Panda Security S.L., Symantec Corporation и Trend Micro Incorporated.

Извор: ЕДРИ-грам „How antivirus vendors handle state-sponsored malware“ бр. 11.22, 20 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи