Мени
Source: World Economic Forum

Македонија на 82 место според Индексот на подготвеност за вмрежување

Македонија се наоѓа на 82 место, додека Турција, која е рангирана како 48, ги предводи земјите-кандидатки за членство во Европската унија
Source: World Economic ForumСветскиот економски форум во соработка со ИНСЕАД го објавија „Индексот на подготвеност за вмрежување“ од Глобалниот извештај за информатичка технологија 2005-2006.

Индексот на подготвеност за вмрежување ја мери склоноста на земјите за искористување на можностите што ги даваат информатичките и комуникациските технологии за развој и зголемување на нивната конкурентност. Исто така, Индексот поставува широка меѓународна рамка која ги дефинира факторите кои го овозможуваат таквиот капацитет.

Индексот на подготвеност за вмрежување се состои од оценување на три индекси на компоненти и тоа: климата за ИКТ која ја нуди одредена земја или заедница, подготвеноста на главните чинители – индивидуалци, бизнис-сектор и владите, и степенот на користење на ИКТ од страна на овие чинители.

Извештајот опфаќа 115 земји во светот. На врвот се наоѓаат Соединетите Американски Држави, а по нив следат Сингапур и скандинавското трио Данска, Исланд и Финска.

Македонија се наоѓа на 82 место, додека Турција, која е рангирана како 48, ги предводи земјите-кандидатки за членство во Европската унија. Хрватска се наоѓа на 57 место. Само за споредба, Романија е рангирана како 58 земја, а Бугарија 64.

Поврзани натписи