Мени
Pismo.jpg

Петиција за навремено донесување современ Закон за слободен пристап до информации

Во писмото се апелира на навременото донесување на Законот за слободен пристап до информации што ги зема предвид препораките на ARTICLE 19 и е конзистентен со меѓународните стандарди

Pismo.jpgНевладините организации ARTICLE 19, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, ПРО МЕДИА и Транспарентност Македонија упатија отворено писмо до Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и Претседателот на Владата на Република Македонија, во кое изразуваат загриженоста поради слабостите во последниот предлог на македонскиот Закон за слободен пристап до информации, како и околу непостоењето вистински напредок во насока на неговото донесување.

Во писмото, кое е поддржано од 126 здруженија на граѓани од Македонија, меѓу кои и Фондацијата Метаморфозис, се апелира на навременото донесување на Законот за слободен пристап до информации што ги зема предвид препораките на ARTICLE 19, Глобална кампања за слобода на изразувањето, и е конзистентен со меѓународните стандарди.

Преземете го писмото (.пдф, 1.3 MБ)

Преземете го документот Коментари на нацртот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на Македонија (.пдф, 1.25 МБ)

Поврзани натписи