Мени

Шпанија: Користењето на софтвер со отворен код е клучно за е-владеењето

Користењето на софтвер со отворен код е клучен елемент во обезбедувањето на владините е-услуги, тврди Cenatic, шпанскиот национален центар надлежен за софтвер со отворен код.

Во документот објавен на 5 април, центарот наведува уште девет причини зошто јавните администрации треба да користат софтвер со отворен код.

Според Cenatic, софтверот со отворен код е усогласен со европските правила и препораки за интероперабилност. „Европската унија и шпанската влада заклучија дека користењето на софтвер со отворен код е клучен елемент за развојот на е-владеењето и отворената власт“.

„Софтверот со отворен код промовира транспарентност, интероперабилност, независност на корисниците од производителите на софтвер и одржливост на апликациите на јавната администрација. Со објавувањето на софтвер под слободна лиценца се зголемува транспарентноста на администрацијата, се придонесува за интероперабилноста низ институциите, се зголемува технолошката независност и се обезбедува иднината на компјутерските апликации во јавните администрации“.

Јавните администрации кои користат софтвер со отворен код, своето знаење и средства ги прават јавно достапни. „Овој софтвер е извор на знаење. Со неговото објавување, на компаниите освен изворниот код им се нудат и бизнис искуствата, организациските вештини и технологијата поврзана со софтверот. Секоја испорачана апликација е можност за бизнис и извор на знаење за општеството“.

Според Cenatic, користењето на овој тип на софтвер исто така им помага на државните институции да остварат заштеди, на пр. за одржувањето и развојот на софтверот. „Се создава значајна заедница при работата на софтверски проекти со отворен код, што резултира со делење на трошоците за одржување и се олеснува развојот на софтверот со отворен код“.

Извор: OSOR.eu “Cenatic: Using open source is key for e-government”

Поврзани натписи