Мени

Сноуден номиниран за Наградата Сахаров за 2013 година

Едвард Сноуден, информаторот кој го обелодени надзорот на електронските комуникации вршен од NSA, GCHQ и од други служби за разузнавање, е номиниран за Наградата Сахаров за 2013 година за слобода на мислата од страна на Партијата на Зелените/групата EFA и групата GUE/NGL.

Седумте номинирани за Наградата Сахаров за 2013 беа претставени на средбата на Комитетите за надворешни работи и развој и Поткомитетот за човекови права на 16 септември 2013 година. Наградата им се доделува на поединци или организации кои значително придонеле за унапредувањето на човековите права и основни слободи.

Членот на ЕДРи, Член 19, поддржан од ЕДРи, напиша писмо за поддршка на номинацијата на Едвард Сноуден:

„Наградата Сахаров за слобода на мислата се доделува на поединци кои активно работат на одбраната на човековите права и основните слободи, а особено правото на слободно изразување. Сметаме дека Едвард Сноуден целосно ги исполнува овие критериуми и би бил достоен добитник на оваа награда.

Како што знаете, во мај 2013 година, Сноуден го откри степенот до кој биле загрозувани основните човекови права за слобода на изразување и приватност на милиони луѓе ширум светот, од страна на националните безбедносни агенции и нивниот сеопшт надзор. Правејќи го овој чекор, со голем личен ризик, тој покажа огромна храброст за заштита на човековите права и принципите на отвореност, демократија и отчетност.

Ве поттикнуваме да му ја доделите Наградата Сахаров на Едвард Сноуден поради неговата храброст и посветеност кон вредностите што ги застапува наградата“ .

Комитетите за надворешни работи и развој и Поткомитетот за човекови права одржаа уште еден состанок на 30 септември 2013 за да ги изберат трите финалисти. Добитникот на наградата ќе биде избран на Конференцијата на претседатели на Парламентот на 10 октомври 2013 година во Стразбур и ќе биде поканет да учествува на церемонијата за доделување на наградата на 20 ноември 2013 година, исто така во Стразбур.

Извор: ЕДРИ-грам „Snowden nominated for the 2013 Sakharov Prize“ бр. 11.18, 25 септември 2013.

 

Поврзани натписи