Мени
oooobuka

Обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг за единиците на локалната самоуправа

Од 15 до 20 јануари 2007 година во хотелот „Ривиера“ во Охрид во организација на Фондацијата Метаморфозис започна обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг. Обуката е наменета за единиците на локалната самоуправа во Република Македонија и во текот на шест дена ќе бидат обучени околу 100 службеници од 25 македонски општини

oooobuka Од 15 до 20 јануари 2007 година во хотелот „Ривиера“ во Охрид во организација на Фондацијата Метаморфозис започна обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг . Обуката е наменета за единиците на локалната самоуправа во Република Македонија и во текот на шест дена ќе бидат обучени околу 100 службеници од 25 македонски општини.

На обуката ќе бидат претставени апликациите од канцеларискиот пакет Опен Офис.орг и слушателите ќе се запознаат со основните функции на овие апликации. Секој слушател ќе добие упатство за користење на Опен Офис.орг , како и ЦД „Заврши си работа!“ . Покрај подигањето на капацитетот на единиците на локалната самоуправа за користење на информатички и комуникациски технологии во секојдневните работни обврски, обуката има за цел и да ја намали стапката на користење на пиратски софтвер во Македонија преку промовирање на користење на слободен софтвер.

Обуката е организирана во рамките на проектот за имплементација на е-локално владеење во Македонија којшто Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Проектот за успешна децентрализација на Агенцијата за меѓународен развој на САД.

Поврзани натписи