Мени

Најава за трибина – Е-Влада

На 1 ноември 2005 година во хотелот „Епинал“ во Битола со почеток во 12 часот ќе се одржи јавната трибина на тема „е-Влада“

Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.

На трибината воведни излагања ќе имаат:

• г. Драган Николиќ, член на Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на информатичко општество и Раководител на секторот за К-4 во Министерството за одбрана на РМ
• г-а Кристина Јовановска, офицер во Одделот за реформа на јавната администрација во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје
• г. Аце Коцевски, градоначалник на Велес
• г. Зоран Глигоров, ИТ Експерт, УСАИД – Проект за успешна децентрализација, и
• г. Дарко Дуковски, проектен координатор во УНДП

За повеќе информации посетете го сајтот www.e-society.org.mk.

Поврзани натписи