Мени

GNU/Linux инсталационен фестивал

Слободен софтвер Македонија организираше инсталационен фестивал на кој можеше бесплатно да се инсталира оперативниот систем GNU/Linux на компјутерите на заинтересираните граѓани.

Слободен софтвер Македонија, на 15.05 и 16.05 (11:00 до 20:00) во Малата сала на
Градското собрание – Скопје, организираше инсталационен фестивал на кој можеше, со помош на искусни корисници, бесплатно да се инсталира оперативниот систем GNU/Linux на компјутерите на заинтересираните граѓани.

Целта на оваа акција беше популаризација на овој оперативен систем кај компјутерските корисници во Македонија и промоција на Слободниот Софтвер како алтернатива наспроти неслободниот софтвер. На Install
Fest-
от беше инсталиран легален софтвер.

Слободниот софтвер од UNESCO е прогласен за
„јавно добро“ и e вклучен во стратегијата за информатички развој на EU.

Повеќе информации: http://www.ossm.org.mk/installfest/

Поврзани натписи