Мени
WinVista.jpg

Мајкрософт ги претстави сите верзии на Виндоус Виста

Иако се очекуваше да бидат 8 верзии, палетата на Виндоус Виста се состои од шест верзии, две наменети за деловни корисници, три за домашни корисници и една за нови пазари

WinVista.jpgМајкрософт ја најави палетата на новиот оперативен систем Виндоус Виста. Иако се очекуваше да бидат 8 верзии, палетата на Виндоус Виста се состои од шест верзии, две наменети за деловни корисници, три за домашни корисници и една за нови пазари. Се очекува да бидат објавени и неколку верзии само за европскиот пазар кои ќе бидат без Виндоус медија плеер.

 

Најавените верзии се:

Виндоус Виста стартер (Windows Vista Starter) – послаба верзија наменета за послаби компјутери во земјите во развој.

Виндоус Виста хоум бејзик (Windows Vista Home Basic) – за корисници кои го користат компјутерот за сурфање на интернет, комуникација со пријателите и семејството преку е-пошта или за основна обработка на документи. Содржи сигурносни алатки и алатки за пребарување.

Виндоус Виста хоум премиум (Windows Vista Home Premium) – содржи сé што содржи Виндоус Виста хоум бејзик, како и дополнителни карактеристики и напредни опции како што се корисничкиот интерфејс Аеро, можност за Медија центар и поврзување со ексбокс 360.

Виндоус Виста бизнис (Windows Vista Business) – основна верзија за компании која содржи алатки кои ќе ја унапредат администрацијата на поголем број компјутери.

Виндоус Виста ентерпрајс (Windows Vista Enterprise) – содржи сé што содржи Виндоус Виста бизнис, како и подобрено кодирање на податоци и Битлокер кодирање што ќе спречи кражба на доверливи податоци и интелектуална сопственост.

Виндоус Виста алтимејт (Windows Vista Ultimate) – претставува верзија која ги вклучува сите карактеристики на верзиите наменети за домашна употреба и за бизнис корисници.

Сите верзии на Виндоус Виста треба да бидат пуштени во продажба во втората половина од 2006г.

Поврзани натписи