Мени
Razgranichuvanje_pomegju_slobodata_na_izrazuvanje_i_govorot_na_omraza

Одржана работилница на тема „Разграничување помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза“

Razgranichuvanje_pomegju_slobodata_na_izrazuvanje_i_govorot_na_omrazaНа 22 март, со почеток во 10 часот, во Хотел Арка во Скопје, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Институтот за новинарство, медиуми и комуникации при Правниот факултет и Дирекцијата за заштита на личните податоци, се одржа работилница на тема „Разграничување помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза“.

Во првата сесија од работилницата за дефинирањето на слободата на изразување зборуваше доцент Јасна Бачовска, раководител на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации. Потоа, во втората сесија, доцент Елена Михајлова од Правниот факултет, дискутираше за моментот на преминување на границата на слободното изразување и настанување на говор на омраза. Во завршната сесија, Елена Стојановска од ДЗЛП, го презентираше искуството за говор на омраза и заштита на личните податоци од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Како еден од заклучоците на говорниците, може да се издвои, неопходната едукација на новинарите за да се спречи ширење и поттикнување на говорот на омраза, ксенофобија, антисемитизам и други форми на нетолеранција.

Според Бачовска, слободата на изразување е комплексно право кое има најдолг список на причини за ограничување, кои пак, треба да бидат предвидени со закон. Во однос на улогата на медиумите, смета дека е важна едуцираноста на новинарите за говорот на омраза, зашто многу често се случува да имаме ваква појава заради непознавање на основните етички и правни стандарди.

Михајлова, пак, смета дека во Македонија има говор на омраза, а медиумите имаат моќ да одлучат дали воопшто ќе известуваат за тоа и на тој начин ќе направат да дојде до многу поширока публика, дали ќе се оградат, како ќе го презентираат, дали ќе го засилат…

Михајлова истакна дека за говор на омраза не се смета говорот поврзан со политичката афилијација на личноста, повредата на достоинството, туку тој претставува понижување, повреда како член на група, насилство како реакција на повредените, повреда на целото општество, не само на индивидуата.

Околностите прават разлика, како и медиумот преку кој се изразува. За една навреда и клевета во медиумите одговараат цел спектар луѓе, дури и сопственикот, кој можеби е само бизнисмен.

Според Стојановска, многу често се случува јавниот интерес да претставува она што ја интересира јавноста. Оттаму исказот, дека законот не треба да се применува во случај кога јавниот интерес е над приватниот – е замка. Според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, медиумите се нарекуваат електронски публикации и тука не спаѓаат агрегаторите, социјалните медиуми и блоговите.

Таа рече дека потребно е да се направи тест на штетност – проценка дали објавената содржина ќе предизвика поголема штета (Закон за пристап до информации од јавен карактер), да се направи проценка на битноста на информацијата во однос на обемот на објавувањето на личните податоци и поставување баланс помеѓу слободата на информирање и правото на приватност и заштита на личните податоци.

Од оваа работилница треба да произлезе материјал за брошура за едукација на новинарите за спречување на говорот на омраза во медиумскиот простор.

Поврзани натписи