Мени

Пејпал во Србија во 2010 година

Јасна Матиќ, министерот за телекомуникации на Србија изјави на една интернет конференција дека се планира Србија да биде вклучена во системот за плаќање преку интернет „Пејпал“ во 2010 година.

Вклучувањето на Србија во тој систем, кој за корисниците би бил бесплатен, би ја поттикнало електронската трговија и бизнис во Србија. Матиќ изјави дека бројот на приклучоци за пристап до интернет во 2008 е зголемен за околу 300.000 благодарение на развојот на мобилниот интернет од третата генерација (3G). Таа исто така соопшти дека интернет не користат сите што имаат можност, така што популаризацијата и намалувањето на цената ќе имаат позитивно влијание врз неговото распространување. Според Матиќ, данокот на мобилната телефонија донекаде ќе го забави тој процес.

Инаку, на дводневната конференција „I front” учествува Сајмон Бруноки промотерот на интернет услугите на продавницата Амазон за Европа, Дејвид Роџерс – истражувач на системот за плаќање PayPal, како и претставници на Cisco, претставници од фирмата за продажба преку интернет „е-дуќан“ и од Регистарот на националниот интернет домен на Србија.

Извор: B92 “PayPal u Srbiji 2010. godine” 10 јуни, 2009.

Поврзани натписи