Мени

Меѓународна конференција е-Општество.Мк 2010 – е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност

Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје на 1 декември 2010 година и ќе се фокусира на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

Конференцијата ќе обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и организации кои работат на развој на информатичко општество, овозможувајќи нивно вмрежување со заинтересираните страни кои на прашањата за реформа на јавната администрација и справување со прашањата на ефикасност, транспарентност и отчетност пристапуваат од други агли, со што ќе се обезбеди комбинирање на искуства со и без примена на нови технологии.

Агендата на конференцијата ќе вклучи:

  • 09 ч. Отворање: Добредојде и воведни говори на високи претставници
  • 10 ч. Сесија 1: Споделување најдобри практики од областа на е-Влада
  • 11 ч. Сесија 2: Локална е-Власт: Можности и предизвици
  • 12 ч. Сесија 3: Влада со граѓаните во центарот
  • 14 ч. Тркалезна маса: Мултисекторска соработка – клуч за успешното спроведување на е-власт
  • 16 ч. Затворање на конференцијата

Учеството на конференцијата е бесплатно, но учесниците е потребно да се регистрираат преку формулар на официјалниот веб-сајт e-Society.mk, на кој е објавена и детална агенда.

На конференцијата ќе биде обезбеден симултан превод помеѓу следните работни јазици: македонски, албански и англиски.

Конференцијата е поддржана од УСАИД и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Поврзани натписи