Мени

Просечниот интернет корисник на интернет поминува 13 часа неделно

Колку време поминувате на интернет секоја недела?  Доколку сте просечен интернет корисник, како што покажува новата анкета, тоа би било околу 13 часа – со исклучок на е-поштата.

Според интерактивната анкета на Harris Interactive, објавена во средата, 80 отсто од возрасните во САД користат интернет дома, на работа или на друго место. Оние кои сурфаат на интернет трошат во просек по 13 часа неделно, но таа бројка во голема мера варира. Дваесет проценти се на интернет два часа или помалку во неделата, додека 14 отсто се на интернет 24 часа или повеќе.

Просечниот број на часови што луѓето ги поминуваат на интернет секоја недела се зголеми со тек на годините, од 7 часа од 1999 до 2002 година, 8 или 9 часа од 2003 до 2006 година, до 11 часа во 2007 година. Врвот беше достигнат во октомври 2008, со 14 часа – откако започна глобалната рецесија и веднаш пред претседателските избори во САД.

Според Harris, зголемувањето на времето поминато на интернет веројатно се должи на повеќе фактори. Сè поголем број на луѓе претпочитаат користење на интернет.  Сè повеќе луѓе купуваат и гледаат телевизија преку интернет. Освен тоа, зголемен е и бројот на веб-сајтови и онлајн апликации. Harris додава дека рецесијата исто така може да игра улога бидејќи сурфањето на интернет од дома е бесплатно (по плаќање на месечните трошоци за пристап), додека излегувањето значи трошење пари.

Старосната група која поминала најмногу време на интернет неделно се движи од: 30 до 39-годишна возраст, по 18 часа.

Според анкетата, вкупниот број на возрасната популација од САД којашто користи интернет е 184 милиони, или околу 80 проценти од вкупното население.  Оваа бројка е речиси истата како во 2008 г., но е голем скок во споредба со 1999 година, кога достигна 56 проценти, и за разлика од 1995 година, кога оваа бројка беше едвај 9 проценти.

Оваа година, бројот на луѓе кои сурфаат на интернет од дома се зголеми на 76 отсто, во споредба со 66 проценти во 2005 година, 46 отсто во 1999 година, и 16 проценти во 1996 година. Во 1995 година, тоа конкретно прашање не беше ниту поставено.

Извор: CNET.com “Average Net user now online 13 hours per week” 23 декември, 2009.

Поврзани натписи