Мени

Русија ја ратификува Конвенцијата 108 на Советот на Европа за заштита на податоци

Руската Федерација ја зајакна својата посветеност на заштитата на личните податоци со ратификацијата на Конвенцијата 108 на Советот на Европа за заштита на поединци во однос на автоматската обработка на лични податоци, позната како „Конвенција 108“.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го прими инструментот за пристапување на Русија од Александар Алексеев, постојаниот претставник и амбасадор на Руската Федерација во Советот на Европа.

Денес Конвенцијата е единствениот правно обврзувачки меѓународен инструмент во својата област. Отворена за секоја земја, конвенцијата има потенцијал да стане глобален стандард што обезбедува правна сигурност и предвидливост во меѓународните односи.

Договорот ќе стапи во сила во Руската Федерација на 1-ви септември 2013 година. Русија е 46-та држава потписничка на Конвенцијата.

Извор: ЕДРИ-грам „Russia ratifies CoE Convention 108 on data protection“ 22 мај, 2013.

Поврзани натписи