Мени

Започна осмата меѓународна конференција е-Општество.мк

Во тек е осмата меѓународна конференција е-Општество.мк, на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“,  во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија.

По воведните обраќања на Споменка Лазаревска (ФООМ), Бардил Јашари (Метаморфозис) и Јовица Тасевски (НУБ „Св. Климент Охридски“) следуваат презентациите на говорниците, поделени во повеќе сесии.

Сите детали за конференцијата, како и агендата (.pdf) ќе ги најдете на официјалната веб-локација на конференцијата: www.e-society.mk.

Хаштагот на Твитер за конференцијата е #esociety12.

Настанот може да го следите и во живо на веб-локацијата http://vozivo.mk

Конференцијата е поддржана од Фондации Отворено општество и Фондацијата отворено општество – Македонија.

Поврзани натписи