Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права – приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства.