Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2021 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност.
Отвореноста на ЕЛС се оценува преку четири главни принципи: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет. Доменот што ги поврзува сите четири принципи се отворените податоци.
Целата проценка е достапна на следниот линк.