Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и собранијата на Хрватска и Словенија. Проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Овој труд исто така дава длабинска анализа на работата на извршната власт и Собранието на Република Северна Македонија, но дава и резиме на вкупните перформанси на соодветните институции во нашиот регион. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

Овој труд е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт и Собранието во Северна Македонија можат да го подобрат нивното почитување на принципите на добро владеење во иднина. Препораките ќе бидат соопштени до високите државни службеници во сите набљудувани институции преку состаноци, како и до пошироката јавност преку социјалните медиуми и одржување на јавни настани.

Оваа проценка е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Оваа проценка е подготвена од Фондација Метаморфозис и мрежата ACTION SEE во рамки на Проектот за граѓанско учество (CEP) со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), во синергија со проект финансиран од Националната фондација за демократија (NED).

Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

Индекс на отвореност на локалната самоуправа за 2022 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2022 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Истражувањето за 2022 година покажа дека повеќето општини не […]

Водич – Тактичко ангажирање на податоци

Фондацијата Метаморфозис е посветена на зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво. Активностите што ги спроведува Метаморфозис имаат за цел да создадат средина во која гласот на граѓаните ќе има влијание и ќе придонесе за решавање на проблемите, обезбедувајќи информации и алатки […]

Verified by MonsterInsights