Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Проценката се базира врз сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност и има за цел да утврди до кој степен се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Овој труд исто така дава длабинска анализа на работата на извршната власт и Собранието на Република Северна Македонија, но дава и резиме на вкупните перформанси на соодветните институции во нашиот регион. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

Трудот е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт и Собранието во Северна Македонија можат да го подобрат нивното почитување на принципите на добро владеење во иднина. Препораките ќе бидат соопштени до високите државни службеници во сите набљудувани институции преку состаноци, како и до пошироката јавност преку социјалните медиуми и одржување на јавни настани.

Истражувањето е спроведено меѓу јануари 2022 г. и март 2022 г. Примерокот на таргетирани институции се состои од вкупно 51 институција, вклучувајќи ги Владата/Генералниот секретаријат, 16 министерства и 33 случајно избрани извршни органи во состав на министерствата, како и Собранието на Република Северна Македонија.

Оваа проценка е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Собрание на автономна покраина Војводина 29.2% Парламент на Федерација БиХ 33.3% Народно собрание на Република Српска 42.3% Парламент на Република Црна Гора 85.5% Собрание на Република Северна Македонија 71.9% Парламентарно собрание на Босна и Херцеговина 61.2% Народно собрание на Република Србија 56.9%

Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Северна Македонија 58.6% Црна Гора 48.2% Босна и Херцеговина 38.5% Србија 46.8%

Колку се отворени владите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Влада на Република Српска 35.9% Покраинска влада на Војводина 30.5% Влада на Република Србија 45.5% Влада на Република Црна Гора 58.2% Советот на министри БиХ 75.5% Влада на Федерација БиХ 38.2% Влада на Република Северна Македонија 82.7%

Verified by MonsterInsights