Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија – 2019

Отвореноста претставува клучен услов за демократија, зашто им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Во светот, институциите преземаат одредени активности со цел да ја зајакнат транспарентноста и одговорноста кон граѓаните. Оваа публикација содржи практични предлози за подобрување на степенот на отвореност на државните институции во Северна Македонија.

Сеопфатениот план за добро владеење (2019) можете да го погледнете тука: https://cutt.ly/krR3C3i

Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Собрание на автономна покраина Војводина 29.2% Парламент на Федерација БиХ 33.3% Народно собрание на Република Српска 42.3% Парламент на Република Црна Гора 85.5% Собрание на Република Северна Македонија 71.9% Парламентарно собрание на Босна и Херцеговина 61.2% Народно собрание на Република Србија 56.9%

Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Северна Македонија 58.6% Црна Гора 48.2% Босна и Херцеговина 38.5% Србија 46.8%

Колку се отворени владите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Влада на Република Српска 35.9% Покраинска влада на Војводина 30.5% Влада на Република Србија 45.5% Влада на Република Црна Гора 58.2% Советот на министри БиХ 75.5% Влада на Федерација БиХ 38.2% Влада на Република Северна Македонија 82.7%

Verified by MonsterInsights