Визуелизација – oтвореност на локалната власт во регионот и во Северна Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на локалната власт во регионот на Западен Балкан.

Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста на локалната власт во регионот и во Северна Македонија. Податоците покажуваат дека најотворена општина во Северна Македонија е општина Струмица. Сепак, просечниот индекс на отвореност на локалната самоуправа во Македонија од 25% е под просечниот индекс на отвореност на локалните самоуправи во целиот регион, кој изнесува ниски 36%.

Целосната анализа можете да ја погледнете тука.

Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Собрание на автономна покраина Војводина 29.2% Парламент на Федерација БиХ 33.3% Народно собрание на Република Српска 42.3% Парламент на Република Црна Гора 85.5% Собрание на Република Северна Македонија 71.9% Парламентарно собрание на Босна и Херцеговина 61.2% Народно собрание на Република Србија 56.9%

Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Северна Македонија 58.6% Црна Гора 48.2% Босна и Херцеговина 38.5% Србија 46.8%

Колку се отворени владите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Влада на Република Српска 35.9% Покраинска влада на Војводина 30.5% Влада на Република Србија 45.5% Влада на Република Црна Гора 58.2% Советот на министри БиХ 75.5% Влада на Федерација БиХ 38.2% Влада на Република Северна Македонија 82.7%

Verified by MonsterInsights